Арсовски: СДСМ прави параполициска структура со вработени во МВР и со осуденици

Сподели

Зоран Заев и СДСМ си прават параполициска структура која ја водат личното обезбедување на Заев, вработени во шестата управа како и лица осудувани за криминал.

Агенцијата „Код Секјурити Груп“ ДОО Струмица е основана на 10 јули годинава од Александар Трајков, Николчо Колев и Стево Трајков од кои вториве двајца Николчо и Стево се сеуште вработени во МВР, а Александар Трајков е добро познатиот придружник на Зоран Заев како бодигард, како претходно така и сега кој што знаеме дека е вмешан во повеќе скандали наназад годиниве.

Во редот на основачите е и извесен Лазо Котуровиќ, кој претходно бил дел од личното обезбедување на Зоран Заев како градоначалник на Струмица, а за него во МВР може да се види дека е неколкукратен сторител на кривични дела како насилство, напад врз службено лице и други кривични дејаниjа.