Мицкоски: Предвремени избори со формирање на пржинска влада и јавен обвинител на предлог на опозиција или отфрлање на Договорот и избори

Сподели

Предвремени избори со формирање на пржинска влада и јавен обвинител на предлог на опозиција или отфрлање на Договорот и избори, по кои ќе се избере јавен обвинител со консензус на сите партии, се двете опции што лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги понуди на денешната прес-конфернеција во седиштето на партијата за, како што рече, излез од политичката криза во земјата.

– Македонија влегува во нова политичка криза. Решението на маса е катастрофално и неприфатливо, како за ВМРО-ДПМНЕ, така и за мнозинството граѓани. Договорот не проаѓа не зошто ВМРО-ДПМНЕ води инает, туку власта треба да знае дека народот не го прифаќа. Нова криза ќе ја доуништи економијата – рече Мицкоски.

Тој посочи дека договорот е постигнат без консензус и со ветување нешто што СДСМ не може да го исполни и на граѓаните и на меѓународните партнери.

– Има две опции. Првата се избори, кои Зоран Заев ги најави и ВМРО-ДПМНЕ ги прифати. За тоа да се случи мора да има техничка влада. Потребно е да се создаде атмосфера на фер услови и да се избере јавен обвинител на предлог на опозиција. Втората опција е Зоран Заев веднаш да се откаже од Договорот и веднаш на избори, па народот да одлучи. ВМРО-ДПМНЕ по изборите веднаш ќе поддржи создавање нова институција за гонење на криминал, водена од јавен обвинител постигнат со консензус од сите партии – изјави Мицкоски.

Прашан за коментар околу потврдената пресуда од Апелација на екс-премиерот Груевски и наводно тргување со пратенички гласови за негова слобода, Мицкоски рече дека самиот факт што некој мисли дека владата на Зоран Заев тргува со правдата, зборува за тоа во каков амбиент и општество живееме.

Мицкоски рече дека е непринципиелно и не би сакал да верува дека некој воопшто размислува да тргува за нешто за што граѓаните јасно се изјаниле на 30 септември без разлика дали се тоа пратеници од ВМРО-ДПМНЕ или од СДСМ.

Прашан, што ако власта инсистира на избори по скратени рокови и дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на такви избори, Мицкоски рече дека тоа што власта сака брзи избори говори каква е желбата на оваа власт да остане и продолжи да го пљачка народот, кратко укажувајќи дека е неопходно формирање на пржинска влада.

https://www.facebook.com/MakedonskaInformativnaAgencija/videos/605368643227470/

МИА