Шест земји од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, започнаа преговори за заемно признавање на стручните квалификации на докторите по медицина, стоматологија, архитектура и на градежните инженери.
Состанокот се одржа во Брисел, и е дел од повеќегодишниот план за економска соработка усвоен од премиерите на балканските земји на самитот во Трст.
„Нацрт-спогодбата е заснована на уредба на Европската унија за признавање на стручните квалификации и како таква ќе придонесе кон пристапувањето во Унијата“, истакнал генералниот секретар на РСС, Горан Силановиќ.
Главните преговарачи од ресорните министерства од земјите на Западен Балкан, го усвоиле акцискиот план и изразија очекување дека спогодбата може да биде потпишана до средина на 2019 година, пред самитот на ЕУ со Западен Балкан, кој догодина се одржува во Полска.
Со признавањето на стручните квалификации ќе се овозможи поголема мобилност на пазарот на труд на Западен Балкан.