Ова е значаен ден во историјата на Република Македонија, симбол на решителноста и свесноста на народот кој што храбро и самоуверено застана во одбрана на слободата а против најголемото зло во човечката историја, застана во одбрана на доброто наспроти злото, во одбрана на достоинството наспроти потклекнувањето. На овој ден, меѓутоа и секој друг ден, оддаваме почит на нивната пожртвуваност и борбеност, нивната истрајност и визија.
Денес, живееме во слободна, независна, демократска, почитувана земја која смело гради добрососедски односи, е сериозен стратешки партнер за градење мир и го изодува својот пат кон исполнување на одамна утврдените стратешки определби, полноправното членство во ЕУ и НАТО. Чекорејќи по тој пат, наидуваме на предизвици кои се трудиме да ги надминеме со меѓусебно разбирање, почитување и негување на различностите помеѓу сите граѓани, со цел оваа наша земја да биде заеднички дом на сите граѓани кои својата иднина и иднината на идните поколенија ја гледаат во демократска, силна, модерна и европска Република Македонија!
Нека ни е честит и за многу години 11-ти Октомври!
Талат Џафери