Промоција на книгата “Современи политички системи”, од авторот проф. д-р Јове Кекеноски

Сподели

Од печтење излезе новата книга Современи политички системи, од авторот проф д-р Јове Кекеноски.

Книгата е ретко и драгоцено македонско научно политиколошко дело за функционирањето на политичките системи на 10-те најголеми светски држави. Во книгата се анализира функционирањето и развојот на политичките системи на десет држави: САД, Русија, Кина, Швајцарија, Белгија, Германија, Италија, Индија, Франција и Обединето Кралство Велика Британија и Северна Ирска. Авторот сите политички системи ги обработува по ист метод на работа: 1). краток приказ за државата (статистички, географски, демографски и други податоци), 2). историскиот развој на државата 3). хоризонталната и вертикалната поставеност на власта, 4). судството и 5). политичките партии и 6). локалната самоуправа.

Книгата е плод на повеќегодишна работа и истата е рецензирана од еминентни професори, амбасадори како и од други познавачи на системите.

Промоцијата на книгата ќе се одржи во петок, 12.10.2018 година, со почеток во 13 часот во Амфитеатарот на ФОН Универзитет Скопје.