Оливер Спасовски: Со фалсификат дипломи се вработувале во МВР

Сподели

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на гостување во телевизиската емисија во ТВ21, изјави дека откриени се 40 лица кои се вработиле со незаслужни дипломи во МВР и дека ќе има санкции против факултетите кои ги изработиле фалсификат дипломите.

Според Спасовски, станува збор за фалсификат на 40 дипломи, за да може со нив да се обезбеди критериумот за вработување во МВР.

Овие лице стигнале и до значајна функција во МВР, но по откривањето добиле отказни решенија и се здобиле со кривични пријави.

Кривични пријави биле поднесени и до факултетите кои ги издале тие дипломи, рече Спасовски.