Денеска е Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата. Мораме да го прекинеме кругот на сиромаштијата, кој се пренесува од генерација во генерација меѓу најранливите семејства.
Поради тоа, дополнителни 11 илјади домаќинства ќе добиваат гарантирана социјална помош, покрај постојните 26 илјади домаќинства, кои веќе имаат право на овој надоместок.
Семејствата со деца и со ниски приходи ќе добиваат полесен пристап до Детскиот додаток. Очекуваме бројот на деца кои ќе го користат ова право да биде над 70 илјади, за разлика од само 3.200 деца кои сега имаат право на Детски додаток.
Раниот детски развој е клучен и во него мораме да инвестираме на време и со поголем опфат на семејства, зашто тоа не може да се надомести подоцна во текот на животот.
Најранливите категории на деца ќе добијат можност да се вклучат во установите за згрижување и воспитание – овие капацитети ги зголемуваме со инвестиција од 16 милиони евра и поддршка од Светската банка.
Образовниот додаток од 2019 година ќе можат да го добиваат и основците и очекуваме да го користат над 60.000 деца.
Ова се некои од нашите одговори за излез од кругот на сиромаштијата. Ова се инвестиции во човечкиот развој бидејќи секое дете ни е важно, бидејќи секој човек ни е важен.
Тука не запираме и одиме понатаму, отворени за соработка со иницијативите на заедниците.
Заедно можеме да ја направиме Македонија да биде солидарна и чувствителна земја.“