“Катимерини”: Коѕиас поднесе оставка

Сподели

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, денеска поднел оставка, еден ден по напната средба на владиниот кабинет кога избила расправија со министерот за одбрана, Панос Каменос, во врска со Договорот од Преспа, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Според извори на весникот, Коѕиас бил незадоволен што премиерот Алексис Ципрас не го поддржал за време на нападите од Каменос, кој е помал коалициски партнер во владата.

Според истите извори, за време на вчерашниот состанок на кабинетот, Каменос го обвинил Коѕиас за лошо управување со тајните фондови на Министерството за надворешни работи и како човек на американскиот милијардер Џорџ Сорос.

Помошниците блиски до министерот за надворешни работи рекоа дека Коѕиас бил „длабоко навреден” од наводите.

Не е познато дали премиерот Ципрас ќе ја прифати неговата оставка.