Собраниската седница за уставните измени продолжува утре

Сподели

Собранието на Република Македонија вo петок ќе ја продолжи седницата, на која пратениците расправаат за утврдување на потребата од предлогот на Владата за уставни измени за имплементирање на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција.

Вчера попладневното продолжение на седницата се одржа без пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, откако тие претходно преку соопштение најавија дека се откажуваат од дебатата, нарекувајќи ја јалова, како и дека ќе гласаат против уставните измени. Воедно ги повикаа пратениците од владејачкото мнозинство да се откажат од настапите и да се пристапи кон гласање по владиниот предлог за измени на Уставот.

Според информациите од Собранието гласањето најверојатно ќе се случи вo петок.

Во меѓувреме Владата истакна дека ќе пристапи кон изработка на уставните амандмани дури откако ќе заврши работата во Собранието со изгласување на потребата за нивно изготвување. Владата смета дека е најдобро тие да се подготват заедно со опозицијата односно да се постигне национален консензус.