Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ бара гласање за уставните измени – нема мнозинство

Сподели

Поминаа 19 дена од неуспешениот рефередум на кој народот се изјасни дека не дава андат за уставни измени. Власта одолговлекува со гласањето затоа што се свесни дека за претениците поважна е волјата на народот од притисоците.

Милошоски од претседателот на Парламентот Талат Џафери побара без дополнително одлагање да ја стави точката на изјаснување, да има гласање, и владејачкото мнозинство да види дека нема мнозинство и дека нема мандат да покрене уставни измени.

„Ние како пратеници ќе го кажеме нашиот став и ќе гласаме согласно волјата на народот, изразена преку пропаднатиот референдум и недавањето мандат за уставни измени“, рече Милошоски.

Запрашан дали е точно дека седуммина нивни пратеници ќе гласаат за уставните измени Милошоски изјави дека владејачкото мнозинство треба да ја стави точката на гласање и самите ќе се уверат дека волјата на народот е погласна од притисоците врз пратениците да се изјаснат спротивно на волјата на народот.