Јанушев го обвини Заев дека врши насилство врз македонскиот народ и порача дека ќе се врати како бумеранг.Тој го повика ОЈО да преземат мерки затоа што се вршат притисоци врз пратениците.
Јанушев даде примери дека на еден пратеник му биле понудени 1 милион евра, кои тој ги одбил, на друг пратеник му биле понудени 2 милиони, на трет 250.000 евра, и им се заблагодари на пратениците, зашто „се на страната на народот“.
„Вие сте последната брана пред оваа налудничава Влада. Ќе опстоиме и ќе победиме“, рече Јанушев.