ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од селективна судска неправда

Сподели

 

Криминалот на власта  и картелот на Зоран Заев не смее да се покриваат со распродажба на националните интереси.

Аболицирани криминалци не се и не може никогаш да станат европска вредност. Македонија нема да стане членка на ЕУ се додека не биде санкциониран рекетот по принцип “евро за Вицето – евро за црквата”. Македонија не е , ниту смее да стане уште едно евро за поктусурување во матните зделки на Заеви.

Северните социјалдемократи, спротивно на волјата искажана на гласачите, во парламентот насилно и со мафијашки методи го газат уставот со насилен процес за менување на уставното име, историјата, културата, наследството, идентитетот на македонскиот народ.

Денеска до седиштето на Севернитесоцијалдемократи, носиме  копија од Извештајот на конечниот резултат од референдумот на 30 септември објавен во Службен весник 2018 година, каде стои дека одлуката за прифаќање на Договорот од Преспа за натамошни евроинтеграции не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список.

Тоа значи дека повеќе од половината гласачи, и покрај поткупот, уцените, заканите и манипулациите, го отфрлиле капитулантскиот договор. Во таков случај, според Уставот, власта мораше, потенцирам МОРАШЕ, да го напушти договорот и заради пропаста на нејзината политика, да распише избори.

Се после 30 септември- е дополнително силување на демократијата, силување на граѓаните, силување на државата. Моментното премолченото одобрување од мнозинството на социјалдемократите и од стручната јавност, веројатно предизвикани од страв и уцени, наскоро ќе стане претешко петно, кое ќе се зголемува со секое договорено бришење на историјата и преименување на македонските институции. Тоа државата нема да може да го издржи, а одговорноста ќе биде нивна.

Почитувани, доста е. Македонија не заслужила да биде владеена од криминалени мафијашки кланови и на ваков начин да се носат политички одлуки. Доста е од распродажба на државата- и на интересите, и на минатото и на иднината. Единствен раст во економијата има во компаниите  на кланот. Општеството тоне економски духовно политички семејно; а главни вредности станаа лоповлукот, корупцијата, насилството, уцените, продажба на образот, понижување на пратеници и собранието, газењето на уставот и законите! Ниедна институција не работи, сите пари се потрошени, работниците се доведени во безизлез. Општеството се згрозува од селективна судска неправда преку диригирани политички пресуди. Главен реформатор на правосудството е аболициран и помилуван човек снимен како бара едно евро за метар квадратен државна земја. А сега-сега истиот  прифати се од уцените за капитулантскиот договор.

Сето ова не е и не може да биде европски, западни, човечки вредности. Нив – почнувајќи од правото и правдата и почитувањето на човековото достоинство- не може да ги спроведе држава водена од мафијашки клан. Македонија не заслужува да биде згазена од капитулантска власт за една намена.