До 2023 година треба да биде отворен граничниот премин „Маркова нога“ меѓу Македонија и Грција, а целиот проект, вклучувајќи ги сите неопходни инфраструктурни активности, се проценува дека ќе чини 4,6 милиони евра, соопшти денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Според него, допрва ќе се прецизира како ќе работи овој граничен премин, дали исто како останатите, но извесно е дека ќе располага со потребната инфраструктура.
Македонската влада на седница ја прифати информацијата за меморандумот за отворање на овој граничен премин и го овласти министерот за локална самоуправа пред претстојната средба на Заедничкиот комитет за следење на програмата, да реализира средба со членовите на комитетот, со цел да ги запознае со позицијата на македонската влада по предложениот предлог меморандум.