Судот денеска ќе направи повторно обид да му го достави на Никола Груевски решението со кое се одбива неговата жалба на одлуката да не му се дозволи одложување на затворската казна. Откако Груевски ќе ја добие одлуката, би требало веднаш да се јави во затворот за издржување на казната за блиндираниот мерцедес.
Но доколку судот утврди дека Груевски избегнува да го прими решението, ќе побара присилно приведување од МВР или распишување на потерница.