Огнената стихија што од четвртокот беснее во Калифорнија одзеде 31 човечки живот.
Окружниот шериф изјави дека од четвртокот се трага по уште 228 лица.
Околу 7.000 згради целосно изгореа во Северна Калифорнија, јави државната шумска служба.
Луѓето кои бегаат од катастрофата засолниште бараат кај пријатели или роднини, како и во центрите за евакуација, поради што голем број јавни објекти се претворени во прифатни центри.
Гувернерот Џери Браун побара помош од Белата куќа. Претседателот Доналд Трамп одобри финансиски средства, и обвини за „слабо” справување со ситуацијата, што гувернерот негира.
Досега беа евакуирани преку 200 илјади луѓе од своите домови во Калифорнија. Метеоролозите предупредуваат дека временските услови продолжуваат да бидат лоши и следната недела, додека противпожарните служби се надеваат дека пожарите ќе ги стават под контрола.