Судија на претходна постапка постапувајќи по барања на СЈО за привремено одземање на имот заради обезбедување во случајот „Империја“ судијата определи привремени мерки и забрани отуѓување и располагање со уделите на правните лица за кои постои основано сомнение дека била прибавена имотна корист со кривичните дела за кои се води постапката.
Од Кривичниот суд соопштија дека судијата на претходна постапка, постапувајќи и по два предлога на надлежното обвинителство за привремено запирање на извршување на финансиски трансакции на правните лица за кои постои основано сомнение дека со кривичните дела, лицата опфатени во конкретниот предмет, прибавиле имотна корист, судијата ги прифати предлозите и со решенија наложи на повеќе банки да го запрат одливот на парични средства од сметките на предметните правни лица.
Во однос на решенијата на судија на претходна постапка за определување мерки за обезбедување присуство во овој предмет, во текот на денот до судот доставени се жалби од одбраната кои веднаш се испратени на одговор кај надлежното обвинителство, а по добиениот одговор Кривичниот совет дополнително ќе одлучува по нив.
Во случајот Империја се осомничени бизнисменот Орце Камчев, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и нивни соработници.