1ТВ: Груевски се наоѓа во вилата на Орбан

Сподели

 

Екс-премиерот Никола Груевски во моментов се наоѓа во вилата на унгарскиот премиер и негов поддржувач Виктор Орбан, пренесува „1ТВ“.

Груевски првата вечер во Унгарија ја поминал во хотелот „Коринтија“ во Будимпешта.

Груевски на својот фејсбук профил напиша дека ќе побара азил во Унгарија, затоа што како што истакна, добива закани по неговиот живот.

МВР вчера распиша меѓународна потерница по Никола Груевски.