Унгарската влада му дозволила на Груевски да побара азил

Сподели

Властите дозволиле Никола Груевски да поднесе барање за азил, а со тоа да биде сослушан и во седиштето на Канцеларијата за миграција и азил во Будимпешт, бидејќи тоа е законско прашање. Ова го потврди прес-службата на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

Со оглед на тоа дека десетина години беше премиер, поради безбедносни причини унгарските власти дозволија Никола Груевски барањето за азил да го достави и биде сослушан во седиштето на Канцеларијата за имиграција и азил во Будимпешта. Канцеларијата ќе спроведе постапка за проценка на барањето за азил во согласно унгарското и меѓународното право, се вели во соопштението.

Од кабинетот на Орбан наведуваат дека Македоија е стратешки партнер и важен сојузник на Унгарија. Добрата соработка меѓу двете држави е клучна за развојот на балканскиот регион и за безбедноста на Европа.

– Македонската влада е партнер на Унгарија и не сакаме на никој можен начин да се мешаме во внатрешните работи на суверените држави и постапката за проценка на барањето на поранешниот премиер на Македонија за азил го сметаме чисто за правно прашање, се вели во соопштението.

Согласно унгарските закони, властите на Унгарија не смее да објават дополнителни информации и детали поврзани со постапката за азил, до нејзино целосно спроведување.

Поранешниот премиер и екс-лидер на ВМРО-ДПМНЕ во вторникот на својот фејсбук-профил објави дека се наоѓа во Будимпешта, каде побарал политички азил поради безбедносни причини.

Груевски е осуден на две години затвор за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

МИА