Почна големата есенска акција за зазеленување на Скопје

Сподели

 

Градот Скопје денеска ја почна големата есенска акција за зазеленување на градот во чии рамки ќе бидат засадени 3.500 висококвалитетни листопадни садници на повеќе локации во сите скопски општини.

Оваа есен приоритет е обновување на сите постојни дрвореди во градот и подигање нови во Ѓорче Петров и на Бит-пазар.

Во Скопје по должината  на градските сообраќајници и во средишните жардиниери на булеварите има речиси 500 пенушки (остаток од пресечено или паднато дрво)  во постојните дрвореди кои ќе бидат отстранети и  на нивно место ќе се засадат нови здрави садници. Најголем број од пенушките коишто ќе бидат заменети се на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, каде што ќе бидат заменети вкупно 49.

Како дел од заложбите на Градот за зазеленување на Скопје и зголемување на бројот на нови дрвја на јавните површини, оваа акција ќе влијае на подобрување на животната средина и ќе придонесе за зачувување на здравјето на граѓаните. Град Скопје посветено работи на намалување на загадувањето и подобрување на животната средина со цел да се надомест изгубеното зеленило, да се зголемат парковите и дрворедите и да ги заштити сите јавни зелени површини во сите општини во градот.

Оваа есенска акција Градот Скопје ќе ја реализира заедно со сите скопски општини кои во неа ќе учествуваат со свои работници, механизација и садници.