МАКЕДОНИЈА – Во текот на денот ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, поинтензивни на западот. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималните температури ќе се движат од 5 до 13 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 9 степени.