DW: Груевски градел слика дека се подготвува за затвор

Сподели

Користел четири стана?
Во состојба на целосен институционален молк за околностите под кои избега поранешниот премиер, нашето истражување почна од првата адреса – станбениот комплекс каде живее Груевски, а се наоѓа спроти партиското седиште на СДСМ и во близина на зградата на МВР. Станарите беа воздржани за разговор околу нивниот најпознат сосед. Но, сепак прифатија да споделат неколку сознанија. Сметаат дека тешко ќе се откријат детали за движењето на нивниот сосед, бидејќи камерата поставена за време на неговиот премиерски мандат, според нивни неодамнешни сознанија, не работела повеќе од една година. Објаснуваат дека на ист кат Груевски поседува два стана со посебни влезови, но препоставуваат дека  се внатрешно поврзани. Сметаат дека едниот стан имал исклучиво приватно-семеен карактер, а вториот најверојатно го користел за службени средби, бидејќи секогаш кога доаѓале негови сопартијци тие се упатувале исклучиво кон другата врата. Но, открија и уште еден, досега непознат податок: дека го гледале Груевски како повремено влегува во уште два стана во истата зграда. По проверката на броевите на становите што тие ги посочија, утврдивме дека двата се водат на име на фирма. Не успеавме да стапиме во контакт со овластено лице од фирмата, за да добиеме одговор дали Груевски ги изнајмил на користење тие станови, односно, дали фирмата е само параван за вистинскиот сопственик.

Обезбедувањето не се посомневало

Неговите телохранители, кои според досега недемантирани информации последен пат го придружувале Груевски на пат до домот во четврток навечер (8 ноември) околу 23 часот, практично биле последните кои имале контакт со него. Дали тие знаеле за планот на нивниот штитеник и дали биле дел од логистиката? Нивен колега, кој се согласи анонимно да зборува, вели дека воопшто не верува во такво сценарио.
„Тие сигурно не биле вмешани. Беа уверени дека Груевски ќе оди на издржување на затворска казна, врз основа на повеќе околности. Наводно, тој ги распрашувал дали имаат увид во кој затвор во Македонија има најдобри услови да ја издржува казната, па му посочиле дека тоа е затворот во Штип. Наводно, им нарачувал да му купат нови тренерки, патики, пижами и уште некои други работи кои би му биле потребни во затворот, со што го зацврстил впечатокот дека се подготвува за издржување на казната и за ништо друго“, раскажува нивен колега.
Не верува дека таа слика би можела да биде плод на заеднички договорено сценарио меѓу нив и Груевски, бидејќи во случај на бегство јасно е токму неговите телохранители ќе бидат први под истрага.

Mazedonien Sasho Mijalkov Geheimdienstchef (DW/P. Stojanov)

Ноќта пред бегството Груевски ја минал во хотелот Мериот, тврдат извори на Дојче веле.

Во одлични односи со Мијалков
Хотелот „Мериот“ засега ги поврзува последните вечери на двајцата братучеди – едниот пред да исчезне, другиот пред да биде притворен. Какви биле нивните односи: дали навистани биле нарушени или тоа е наменски спакувана приказна? Одговор на ова прашање дава партиски член кој денес не е дел од раководните структури на партијата, но се смета за близок на поранешниот лидер. Вели дека го почитува Груевски, бидејќи му помогнал кога му било најтешко. Со Груевски ги продолжил контактите и тогаш кога многумина кои претходно се колнеле во него, му завртеле грб, особено откако се збогувал со лидерската позиција. Имале честа комуникација, но Груевски со ниту еден гест не навестил дека планира да замине од Македонија.

Текстот Груевски градел сликадека се подготвува за затвор, во целост прочитајте го тука