Италијанскиот филмски режисер Бернардо Бертолучи почина денеска во својот дом во Рим во 77-та година од животот.
Бертолучи зад себе остави богато филмско наследство: Конформист (1970), Последното Танго во Париз (1972), Даваесетти век (1976), Последниот кинески цар (1986), Малиот Буда (1993), Украдена убавина (1996) и Сонувачи (2003). За филмот Последниот кинески цар доби 9 оскари.
Бертолучи својот прв филм го сними на 21 година и важеше за најголемиот италијански филмски режисер на својата генерација, со успешна кариера и во Европа и во Холивуд.