Собранието ќе одлучува за одземање на имунитетот на Груевски

Сподели

Кривичниот суд бара од Собранието да му биде одземен пратеничкиот имунитет на пратеникот Никола Груевски.

Во официјалното соопштение на Судот, пишува дека до Собранието доставиле пет судски предмети, во кои е обвинет екс-премиерот Никола Груевски.

Денска на седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни  прашања на дневен ред ќе бидат разгледани петте точки за кои судот бара притвор за Груевски за изборни измами во случај „Титаник“, за нерегуларности при изградба на автопати – случај „Траекторија“, за уривање на „Космос“ – „ТНТ“, за незаконско финансирање на партијата – случај „Талир“, како и за случајот „Шамари во Општина Центар“.