Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, одговарајќи на новинарско прашање денеска го откри својот фаворит за иден претседател на државата, јави телевизијата 21.
Според Ахмети, најдобар кандидат засега е Денко Малески.
– “Досега не сме зборувале за имиња, но мислам дека Денко Малески е угледен професор, професор што ги исполнува сите стандарди. Но, сепак останува за ова да разговараме со сите политички субјекти” – рече Ахмети.