Ларнака Биенале 2018: Мице Јанкуловски ја доби наградата Уметник на светот

Сподели

Вчера во просториите на Градската галерија на Ларнака – Кипар, во рамките на “ЛАРНАКА БИЕНАЛЕ 2018”, Мице ЈАНКУЛОВСКИ ја доби наградата УМЕТНИК на СВЕТОТ!

БИЕНАЛЕТО ЛАРНАКА има за цел да да ги претстави уметниците од цел свет со дела со висок кавалитет и професионализам.

ЈАНКУЛОВСКИ на Биеналето Ларнака 2018 се претстави со делото „ФОРМИ од ВЕНЕЦИЈА“ 2017, полиптих од 5 дела, сериграфија со примена на фрок, 100 х 350 см (5х 100х70 см / секое). Делото е куратирано од Енцо ди Мартино и печатено во графичкото студио Фалани, Венеција.