Книгата „Македонска традиционална медицина“ од Драган Јованов ќе биде промовирана на 15 декември (сабота) во 12 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ – Струмица.
Книгата содржи 129 лековити билки што растат кај нас, со детален опис на нивната примена во традиционалната медицина. Покрај тоа, дадени се и 60 рецепти за природни билни препарати со коишто се лекувале нашите предци, собирани од различни извори.
„Македонска традиционална медицина“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, премиерно беше претставена во јули оваа година, во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Во тек е промоција на книгата низ Македонија.
На промоцијата во Струмица посетителите ќе можат да ги дегустираат и чаевите брендирани од Драган Јованов.