Mеѓународен ден на лицата со попреченост – “Да не оставиме никого зад себе!”

Сподели

Денеска се одбележува меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Оваа година со темата на овој ден е ”Оспособување на лицата со попреченост и обезбедување на инклузивност и еднаквост” која се фокусира на зајакнување на лицата со попреченост за инклузивен, правичен и одржлив развој, предвиден во Агендата за одржлив развој од 2030 година.

Агендата 2030, ветувајќи ”ДА НЕ ОСТАВИМЕ НИКОГО ЗАД СЕБЕ” е планот за дејствување на меѓународната заедница кон мирен и просперитетен свет, каде што како основен принцип се применува достоинството на поединецот и еднаквоста меѓу сите.

Во Владата ќе се одржи настан на тема „ Зајакнување на лицата со попреченост и обезбедување инклузивност и еднаквост“, на кој обраќања ќе имаат премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, Националниот координатор за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост Спасе Додевски, шефот на делегацијата на Европската Унија Самуел Жбогар и претставник на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија, Чедомир Трајковски.

Ќе биде презентиран Извештајот од спроведеното истражување за вклученоста на децата со попреченост во предучилишното образование. Извештајот е изготвен врз база на податоци од анкетните прашалници доставени до сите предучилишни установи во Република Македонија, а подготвен од страна на канцеларијата на Народниот правобранител, и невладината организација „Отворете ги прозорците“ со финансиска поддршка на Европската унија и канцеларијата на УНИЦЕФ.