КИНО КУЛТУРА „ВЕНЕРА ВО КРЗНО“ од Дејвид Ајвс, ПРЕМИЕРА- 09.12.2018 – 20 часот
Театар Навигатор Цветко
Режија: Ивана Ангеловска
Играат:
Ивана Павлаковиќ
Благој Веселинов
Костими: Марта Дуфне
Фото: Сашо Алушевски
„Венера во крзно“ е драма на познатиот американски автор Дејвид Ајвс, за прв пат изведена во 2010 година на Off–Broadway.
Станува збор за еден од најизведуваните текстови во последните седум-осум години.
Претставата „Венера во крзно“ е дел од проектот „Направете место за младите театарџии“ со кој Театарот на Навигатор Цветко и Кино Култура имаат цел да поттикнуваат нова театарска продукција и да афирмираат млади автори.
Проектот е поддржан од општина Центар и Министерството за култура на Р.Македонија.