МНТ, “РАЗГОВОРИ ВО ЧЕТИРИ ОЧИ”, 13.декември
Автор: Ингмар Бергман
Режисер: Нина Николиќ
Адаптација на текстот: Тамара Барачков
Во претставата „Разговори во четири очи“ централниот лик на приказната, Ана Бергман, се соочува со сопствените избори и одлуки, со последиците од животот во мачниот брак, исполнет со тешкотии, со насилство, со чувство на вина и патење. Така, сликата на една традиционална заедница, претставува и соочување со сопствената историја, минатото и идентитетот.
Играат:
Амернис Нокшиќи Јовановска, Нина Деан, Петре Арсовски, Дарја Ризова, Катина Иванова, Благој Веселинов и Дамјан Цветановски.