Претседателот Грамоз Ручи во официјална посета на Република Македонија

Сподели

На покана од претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, Делегација предводена од претседателот на Собранието на Република Албанија, г. Грамоз Ручи, е во официјална посета на Република Македонија. Претседателот на Собранието.

Грамоз Ручи првата средба ја оствари со г. Талат Џафери. 

Џафери истакна дека за него претставува особена чест да оствари средба со земја  пријателска Албанија, со која имаме одлични билатерални и мултилатерални односи и потенцираше дека парламентарното мнозинство се залага за добрососедска политика и евроатлантска интеграција. Притоа, ја поздрави поддршката што Република Албанија како членка на НАТО ѝ ја дава на Република Македонија и изрази надеж дека оваа поддршка ќе продолжи со зголемен интензитет особено во претстојните месеци кога се очекува финализирање на евроатлантската интеграција на Република Македонија со нејзино полноправно членство во НАТО.

На заедничката средба и двајцата претседатели истакнаа дека е потребна континуирана взаемна поддршка, разговараа за актуелните случувања во двата парламента, за економските, инфраструктурните и енергетските проекти, како што е изградбата на патот Ќафасан – Елбасан како дел од Коридорот 8, автопатот Елбасан – Дебар, како и железничката врска меѓу двете земји, проекти коишто се во завршна фаза.

Ручи посебен акцент стави на големите предизвици кои Република Македонија ги надмина со успех, како што е референдумот, Законот за јазици, Договорот со Грција, кои се пример и патоказ за една земја која умее да покаже дека е подготвена за полноправно членство во Европската Унија.