Заменик-државниот секретар на САД, Џон Саливан на 18. декември во Скопје

Сподели

Заменик-државниот секретар на САД, Џон Саливан, денеска ја почнува својата европска турнеја, во рамките на која во вторник ќе го посети и Скопје.

Посетата на Саливан во Скопје е предвидена за 18 декември. Тој е највисок функционер на Стејт департментот кој од 2001 година доаѓа во официјална посета на Македонија.

 

Според најавата од Стејт департментот, заменик-државниот секретар на САД во Скопје ќе разговара за регионалните прашања и ќе ги охрабри македонските власти да продолжат со реформите  и спроведувањето на Договорот од Преспа.

Саливан ќе има средби со претставници на власта, но и со бизнисмени и со граѓански организации