VOA: Франција трага по осомничениот за пукањето во СтразбурФранција трага по осомничениот за пукањето во Стразбур

Сподели

 

Во тек е голема потера по лицето кое уби тројца и повреди 13 други на Божиќен пазар во центарот на Стразбур, Франција.

Француските официјални лица распоредија стотици безбедносни сили во потрага по осомничениот кој вчера избега од пазарот, кусо по пукањето, – пренесе VOA.

Франција соопшти дека безбедносната закана за државата е зголемена, и ги засили граничните контроли.

Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер отпатува во Стразбур да отвори истрага за терористички напад, иако мотивот на лицето што пукаше се` уште не е познат.

Властите го идентификуваа 29-годишниот Чериф Чекат како осмничен за нападот, и соопшти дека тој бил на листата на сомнителни ектремисти.

Полицијата вчера отиде во неговиот дом, но, тој не бил пронајден таму.

Страсбург е седиште на Европскиот парламент, кој привремено беше затворен, како последица на пукањето.