На 48 годишна возраст утрово ненадејно почина градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски.
Според неофицијални информации причината за смртта е инфаркт.
Стојаноски е роден 1970 година Охрид. Функцијата градоначалник ја презема на 20 октомври 2017 година, а претходно беше советник во општината од редовите на СДСМ.