Во Париз повторно судири на протестите

Сподели

Во центарот на Париз на повеќе локации повторно дојде до судири на демонстрантите „Жолти елеци“ и полицијата, која користеше солзавец за да ја растера масата, која се обиде да ги пробие кордоните на безбедносните сили, пренесува Anadolu Agency (AA).

Судирите избувнаа во близина на авенијата „Шанзелизе“ денес наутро. Демонстрантите се обидуваа од авенијата „Шанзелизе“ да се пробијат во помалите улици, кои не се затворени и во кои и понатаму се одвива сообраќајот. Имено, специјалните полициски единици се обидуваат да ги задржат протестите во одредени области.

Движењето „Жолти елеци“, кое го носи името по безбедносните флуоросцентни елеци, кои во автомобилите мора да ги имаат сите возачи во Франција, одржува протести петта сабота по ред. Протестите против најавеното зголемување на данокот на гориво почнаа кон средината на ноември.