Денеска во Собранието, претставено од претседателот на Собранието, г. Џафери и Организацијата за безбедност и соработка во Европа, претставено од шефот на Мисијата, амбасадорот Клеменс Која, се потпиша Меморандум за разбирање, за спроведување на заеднички активности во периодот од 2018-та до 31-ви декември 2021-ва година.
Целта на овој Меморандум е поддршка на стратегијата за реформа на Собранието со цел законодавниот дом да ја врати својата уставна улога на центар на политичкиот дијалог, да биде отчетно, транспарентно и да има вистинска надзорна улога.
Според претседателот Џафери, тоа ќе биде возможно кога ќе се постигне вистинска независност во одлучувањето на Собранието во контекст на внатрешното обезбедување, буџетската независност и независност на службата.