По веста дека пратениците подготвуваат законски измени со кои ќе добијат привилегии и сигурна државна работа за себе откако ќе им истече мандатот во Собранието, предизвика бес кај граѓаните.
Реакции во јавноста следуваа откако претседавачот на собраниската група за реформи ја потврди информацијата дека имало дебата за таква идеја.
Ваков предлог по третпат се појавува како идеја меѓу пратениците кое е спротивно на сите уставни начела за еднаквост. Поранешните народни избраници добиваат огромна предност во однос на оние што се стручни за раководни позиции во администрацијата.