Во цунамито што ја зафати Индонезија, досега животот го загубија 168 лица, а бројот на повредени изнесува 745.
Бројот на жртвите се очекува и понатаму да се зголемува, бидејќи спасувачките екипи сѐ уште се на терен.
Од индонезиската Национална агенција за справување со природни катастрофи изјавија дека причина за цунамито е активноста на вулканот Анак Кракатау.
Во подрачјата каде што се спроведуваат акции за откривање и спасување на настраданите, се стравува дека би можел да се зголеми бројот на настрадани, бидејќи цунамито погоди голем дел од крајбрежниот појас на кој се наоѓаат туристички објекти.