Макрадули: Ако и утре продолжи загадувањето, ќе има праг на алармирање

Сподели

-“Дефиниран е надминат праг на информирање, односно сме во состојба на информирање за загадувањето на воздухот кога важат препораките да не се излегува надвор, јавниот превоз да се користи, повеќе граѓани да бидат во едно возило,” – изјави денеска заменик-министерот за животна средина просторно планирање Јани Макрадули.

-” Ако и утре продолжи загадувањето, ќе има праг на алармирање. Согласно уредбата донесена од Владата, според која, прагот на информирање и алармирање за загадување на воздухот од 5 и 10 дена беа намалени на 2 дена минатата година, денеска е надминат прагот на информирање, но таа уредба, зависи од податоците од мерните станици и од метеоролошките услови”.