Хелсиншкиот комитет за човекови права апелира на доследно почитување на правото за регрес на годишен одмор во приватниот сектор, кое е законски загарантирано и кое треба да биде исплатено до крајот на годинава.
Исплатата на регресот за годишен одмор е задолжителнa и не постои можност работодавачот да не исплати регрес за годишен одмор поради потешкотии во работењето. Работниците имаат право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, наведува македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права.