Денеска истекува рокот за поднесување барања за амнестија за настаните во Собранието од 27. април 2017 година, според законот кој го подготви Координативното тело за помирување, а го изгласа Собранието со 95 гласа „ЗА“.
До Кривичниот суд во Скопје пристигнале вкупно 38 барања за амнестија од обвинетите во неколкуте случаи кои се однесуваат за настаните од „27 април.
Меѓу оние кои досега поднеле барање за амнестија се пратениците Крсто Мукоски, Љупчо Димовски како и Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Горан Ангелов – Ќосето, Иван Цветановски, Горан Ѓошевски Леви и Митко Пешов, браќата Михаил и Стефан Младеновски, Абдулфета Алими и Захарие Симовски.
По истекот на рокот за поднесување на барањата, Судот и Обвинителството ќе имаат рок од пет дена да одговорат кој ќе биде помилуван, а кој не.