Онлајн петицијата со која се бара покренување тужба против Франција затоа што „не сторила доволно за да се справи со климатските промени“ ја потпишаа повеќе од 1.6 милиони луѓе.
Петицијата минатата недела ја покренаа Гринпис, Оксфам и две француски организации за заштита на животната средина. Петицијата наиде на огромна поддршка за само неколку дена, а меѓу потписниците на петицијата се и филмските ѕвезди Марион Котијар и Жулиет Бинош.
Директорот на францускиот огранок на Гринпис, Жан Франсоа Жилијар изјави дека иницијаторите се надеваат на судска разрешница со која од Франција ќе се бара дополнително намалување на емисиите на јаглерод диоксид.
Во рамки на напорите за борба против климатските промени, францускиот претседател Емануел Макрон минатиот месец најави зголемување на даноците на бензините, со цел да се одвратат граѓаните од користење фосилни горива, што предизвика протести ширум земјата и доведе до појава на протестното движење „жолти елеци“. Под притисок на протестите, Макрон минататa недела се откажа од поголеми даноци за горивата, пренесува МИА.