Укината е првостепената пресуда за случајот „Триста” на Специјалното јавно обвинителство и случајот е вратен на повторно судење, потврдија од Апелацискиот суд во Скопје.
Адвокатката на Поповски изјави дека биле известени од судот дека пресудата е укината, но сѐ уште не ја добиле на писмено пресудата од Апелацискиот суд.
Со укинување на пресудата за затворската казна се укинува и обврската осудениот Поповски на МБР да му ја надомести штетата од 28 милиони денари во предметот „Триста“.
Поповски е осуден дека извршил набавка на 300 возила за МВР во периодот од 2008 до 2012 година, спротивно на одредбите на Законот за јавни набавки. Според пресудата која сега е укината, тој го оштетил буџетот на МВР за 453.570 евра.