ВМРО-ДПМНЕ со своите погубни и криминални политики го загрози зеленилото и животната средина и свесно го игнорираше проблемот со аерозагадувањето.
Дополнително преку укинувањето на евтината тарифа на струјата и поскапувањето за 100 отсто на електричната енергија ВМРО-ДПМНЕ принуди илјадници домаќинства да преминат на нееколошки начини на загревање, а одговорност за таквите погубни политики во енергетиката има и Христијан Мицкоски кој бил советник за енергетика на Никола Груевски и директор на АД ЕЛЕМ.
Наспроти таквите неодговорни на ВМРО ДПМНЕ, денес, Владата предводена од СДСМ , градот Скопје и надлежните институции вложуваат максимални напори во решавање на проблемот со загадувањето.
Град Скопје најави капитален проект што ќе го унапреди јавниот превоз и ќе го намали загадувањето од издувните гасови.
Подготвена е целосна сообраќајна студија со техничко решение за изградба на првата фаза од трасата за трамвај на релација Ново Лисиче – Ѓорче Петров.
Реализацијата би започнала веќе следната година, а проектот вреден помеѓу 130 и 150 милиони евра ќе го унапреди јавниот превоз во главниот град и ќе влијае на намалување на аерозагадувањето.
Интензивно се вложува и во гасификацијата, проект што е од стратешки интерес на Владата предводена од СДСМ.
Изработени или во изработка се основни и идејни проекти за поставување секундарна гасоводна мрежа во неколку градови како Тетово, Охрид, Свети Николе, Прилеп, Кавадарци, а во завршна фаза е 36 километарската делница на гасоводот Неготино-Штип. Се работи и на поврзување на магистралниот гасовод од Неготино преку Кавадарци и Прилеп до Битола, во должина од 92 километри.
За идната година за гасификација обезбедени се 1,1 милијарда денари повече отколку за 2018 година.
Владата предводена од СДСМ, градот Скопје и сите надлежни институции работат секојдневно преку низа мерки и активности работат на решавање на деценискиот сложен проблем со загадување, со цел веќе за две години загадувањето да биде намалено за 50 отсто во Скопје и за 30 до 50 отсто на ниво на цела Македонија, – се наведува во соопштението на СДСМ.