На 76-тото издание на свеченоста по повод доделувањето на наградите Златен глобус , „Bohemian Rhapsody“ стана главен победник.
Филмот посветен на Фреди Меркјури, ги остави зад себе „A Star Is Born“, „Black Panther“, „If Beale Street Could Talk“ и „BlacKkKlansman“ и победи во категоријата Најдобра драма.
Рами Малек, кој го портретираше големиот музичар Меркјури, ја освои статуетката за Најдобар актер во драма.