Бејли: Денес Македонија донесе историска одлука

Сподели

-“Македонија донесе историска одлука. Вашето Собрание гласаше за да ги усвои уставните измени што се потребни за да се имплементира Договорот од Преспа со Грција”, порача американскиот амбасадор Џес Бејли во неговото обраќање по усвојувањето на уставните измени.

-“Со нетрпение чекаме да ѝ посакаме добредојде на Република Северна Македонија како 30-та членка на НАТО и да го продолжиме нашето цврсто партнерство со вас во унапредувањето на стабилноста и просперитетот овде и во целиот регион.”