Британската влада им понуди на организаторите на Европското првенство во фудбал, кое оваа година се одржува во Франција, да им испрати уште полицајци за да им помогнат на силите за безбедност додека трае турнирот.
Британија веќе испрати неколку полицајци во цивил, чија цел е помеѓу навивачите да воочат хулигани.
Во соопштението на владата се наведува дека министерката за внатрешни работи, Тереза Меј, разговарала со својот француски колега Бернар Казнев за да се координираат во одговор на насилството.
„Владата на Обединетото Кралство е длабоко загрижена поради насилството во Марсеј. Го осудуваме секое насилство и ги повикуваме двете страни да се смират. Вакви инциденти се во спротивност со духот на турнирот. Поголемиот дел од навивачите во Франција едноставно сакаат да уживаат во фудбалот“, се наведува во соопштението на владата.