Претседателот на Собранието Талат Џафери, синоќа преку својот „Фејсбук“ профил објави дека го испратил во Службен весник Законот за употреба на јазиците.
Во објавата Џафери на македонски и на албански јазик пишува: „Законот за употреба на јазиците и во Службен весник“.
Со овој закон што два пати беше изгласан во Собранието, на 11 јануари и на 14 март минатата година, но претседателот на државата Ѓорге Иванов одби да го потпише, со образложени дека е противуставен.
Иванов двапати одби да го потпише Законот за употреба на јазиците кој парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ, со поддршка на албанските опозиции и без присуство на пратениците на ВМРО ДПМНЕ , прв пат го изгласа на 11 јануари минатата година, а втор пат на 14 март.