Во Софија ќе се одржи Недела на македонскиот филм. Проекцијата на филмовите ќе се одржи од 21 до 27 јануари, на која ќе бидат прикажани филмовите „Gypsy Magic“ на Столе Попов, „Исцелител“ на Ѓорче Ставревски, „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар Митевска, „Џган“(„Amok“) на Вардан Тозија.
Од Кинотека потсетуваа и дека македонската кинематографија изминатата година „неплански“, но од оправдани причини, се присетуваше на животот и делата на неколку нејзини доајени – заради нивното заминување од овој свет. Тоа се режисерот Љубиша Георгиевски (1937 – 2018), директорот на фотографија Драган Салковски (1938 – 2018), актерите Љупка Џундева (1934 – 2018), Салаетин Билал (1942 – 2018) и Мите Грозданов (1943 – 2018), сценаристот Горан Стефановски (1952 – 2018)…