Брегзит денеска на гласање во британскиот парламент

Сподели

Британскиот парламент денеска ќе гласа за договорот за Брегзит кој владата на премиерката Тереза Мај го постигна низ преговори со Европската унија.

Меј го откажа претходното гласање во декември, кога беше јасно дека таа нема доволно гласови за да помине договорот. Досега се чини дека работите не се многу изменети.

И пратениците кои што го поддржуваат и тие кои се против Брегзит се противат на условите на договорот.

Некои пратеници предложија одржување втор референдум како оној во 2016 година, со кој Британија го трасираше патот за напуштање на ЕУ. Други пак сакаат парламентот да ја преземе контролата од Меј и нејзиниот кабинет врз Брегзит процесот.