Професорот Јове Кекеноски до Уставниот суд поднесе иницијатива за оцена на уставноста на законот за употреба на јазиците, со која тој ја оспорува содржината на Законот, но и постапката со која беше донесен.
Кекеновски бара до донесувањето на конечната одлука по иницијативата Уставниот суд да донесе решение за запирање на извршувањето на одделните акти или дејствија што се преземаат во моментот врз основа на законот, а како аргумент ги посочува финансиските импликации, кои, според него, може да предизвикаат последици, кои понатаму би било тешко да се отстранат.
Како што вели, при донесувањето на овој закон, претседателот на Собранието, како и останатите собраниски органи и служби, морале да имаат во предвид дека за да биде усвоен законот потребно е две третинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, а не само 69 гласови и притоа да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија.